Посетители
Total online: 1 Guests: 1 Users: 0
|
Home » Проекти
Проектот насловен како „Креативен начин на размислување“ беше одлична можност учесниците преку уметност, цртање, рачни изработки, готвење, едукативни игри и преку други форми на изразување креативно да творат во време на пандемијата covid-19. Проектот започна во мај и траеше до крајот на јуни 2020. Секоја недела учесниците споделуваа како го поминуваат своето време креативно и на овој начин ги покажаа своите креативни потенцијали, инспирирани едни од други во позитивно опкружување за учење. Како резултат на проектните активности беше создадена заедничка wakelet колекцијата од креации на учениците учесници во проектот. Сите партнер училишта соработуваа во создавањето и дадоа допринос во збогатување на колекцијата wakelet преку додавање на фотографии, видеа од сработентите активности или линкови од ед
...
Read more »
|
Поради пандемијата од корона вирус училиштата ширум светот се затворија и започнавме онлајн настава. Учениците следеа настава на далечина од своите домови и комуникацијата со учениците се одвиваше преку платформи и веб алатки преку електронски пат. Овој етвининг проект им овозможи на учениците да сфатат дека пандемијата и предизвиците со кои тие се сочуваа во изминатиот период е глобален и дека учениците од останатите земји ширум Европа не одат на училиште и се наоѓаат во иста ситуација како нив.
Учениците кои беа вклучени во проектот „Мојот ден во карантин“ опишаа како им поминува еден ден преку пишување на краток опис за нивните секојдневни активности или преку цртеж. Учениците беа охрабрени преку учестсво во проектот да ги развијат своите јазични вештини за странски јазици бидејќи описот беше на англиски јазик. А покрај вежбање на англискиот јазик беа потикнати да ги развијат и своите уметнички
...
Read more »
|
Овој етвининг проект беше инспириран од Ноќта на вештерките, кој се слави на 31ви октомври. Проектот е краткорочен проект од еден месец. Главната цел на проектот за Ноќта на вештерките е да ги запознае учениците со Ноќта на вештерките и начинот на кој луѓето од другите земји го слават. Проектот ги обедини учениците од 5 различни држави: Северна Македонија, Полска, Романија, Словачка и Шпанија и им овозможи да ги споделат и истражат традициите, симболите и значењето на Ноќта на вештерките.
Проектот се состоеше од 3 активности: запознавање со празникот Ноќта на вештерките, истражување на симболот на тиква и едукативни игри за Ноќта на вештерките. Во првиот дел учениците се запознаа со празникот Ноќта на вештерките, во кои земји се слави и какви костими и маски се носат. Тие го збогатија својот речник и културно знаење за Ноќта на вештерките. Во вториот дел учениците истражуваа за тиква и пра
...
Read more »
|
Учениците од нашето училиште учествуваа во етвининг проект насловен како „European Day of Languages“ инспирани од Денот на европските јазици кој се слави на 26ти септември. Проектот започна во септември и траеше до октомври. Главна цел на проектот беше да се охрабри изучување на јазици и да се покаже важноста на сите јазици во однос на поврзување на луѓето. Исто така, проектот беше одлична можност да се подигне свеста кај учениците за јазичното богатство, како и за јазичната разновидност.
...
Read more »
|
Учениците од четврто и петто одделение учествуваа во проект „Велигденски изработки“. Во проектот се соработуваше со 10 партнер училишта од Европа.
Проектот се состоеше од изработка на велигденски изработки, украси, зајчиња, цртежи, картички, кратки видео клипови. Преку изработка на иновативни Велигденски креации на учениците им беше дозволено да ја искористат својата имагинација, инвентивност и оригиналност и на тој начин да ги развијат своите уметнички вештини а воедно и да ги подобрат своите јазични и дигитални компетенции. Сите активности беа поврзани и во главен фокус го ставија празникот Велигден. На тој начин учениците имаа можност да ги воочат културните разлики околу датумот на славење на празникот како и да покажат почит и свест кон културните разлики за празникот Велигден во различни земји вклучени во проектот.
Проектот се состоеше од неколку активнос
...
Read more »
|
E twinning проект „Боите на виножитото“
Од текот на учебната 2018 / 2019 година учениците од V одделение Д.Којнаре имаа можност да учествуваат во e-twinning проект насловен „Боите на виножитото“. Во проектот беа вклучени партнер основни училишта од Бугари
...
Read more »
|
Учениците од март 2018 година учествуваа во etwinning проектот „Размена на честитки за пролет“. Во проектот учествуваа Италија, Полска, Романија, Литванија, Турција, Хрватска и Македонија. Комуникација и соработка за време на etwinning проектот се одвиваше на twinspace.
Учениците правеа и украсуваа честитки за пролет и напишаа песна за пролет на англиски јазик. Изработените честитки потоа учениците ги испратија на своите партнер училишта. За времетраење на проектот учениците исто така преку цртежи и фотографии ја претставија пролетта во нашата земја на своите другарчиња од останатите земји учеснички во проектот. Во завршната фаза на проектот учениците украсија пано за пролет со добиените честитки од училиштата со кои соработувавме на проектот. Долу можете да го погледнете слика од паното кое ја краси училницата со пролетни честитки.
Главна цел на проектот беше да се унапредат јазични вештини преку творење и пишување на пес
...
Read more »
|
Во текот на учебната 2017/18 поточно од септември 2017 до мај 2018 година учениците од V одделение заедно со професорката по англиски јазик учествуваа во e-twinning проект насловен „Учење преку игра“. Во проектот беа вклучени партнер основни училишта од Полска, Турција и Шпанија.
Главна цел на проектот „Учење преку игра“ е подобрување и зајакнување на јазични вештини кај учениците преку игра и користење на ИКТ алатки. Значаен сегмент е заедничка соработката меѓу сите инволвирани во проектот особено можноста учениците да учат едни од други, како и стимулирање на мотивација за изучување на англискиот јазик. Сите предвидени активности целат кон подобрување на процесот на изучување на англискиот јазик. Секој месец беше предвидена и остварена по една активност по следниов редослед:
- септември: изработка и избор на лого за проектот
- октомври: претставување на учениците<
...
Read more »
| |
|
Календар
« June 2025 » |
Su |
Mo |
Tu |
We |
Th |
Fr |
Sa |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
|
| | |