Посетители
Total online: 1 Guests: 1 Users: 0
|
Home » 2020 » June » 19 » My day in quarantine
11:55 PM My day in quarantine |
Поради пандемијата од корона вирус училиштата ширум светот се затворија и започнавме онлајн настава. Учениците следеа настава на далечина од своите домови и комуникацијата со учениците се одвиваше преку платформи и веб алатки преку електронски пат. Овој етвининг проект им овозможи на учениците да сфатат дека пандемијата и предизвиците со кои тие се сочуваа во изминатиот период е глобален и дека учениците од останатите земји ширум Европа не одат на училиште и се наоѓаат во иста ситуација како нив.
Учениците кои беа вклучени во проектот „Мојот ден во карантин“ опишаа како им поминува еден ден преку пишување на краток опис за нивните секојдневни активности или преку цртеж. Учениците беа охрабрени преку учестсво во проектот да ги развијат своите јазични вештини за странски јазици бидејќи описот беше на англиски јазик. А покрај вежбање на англискиот јазик беа потикнати да ги развијат и своите уметнички вештини преку цртање на цртежи. Крајниот исход на проектот беше заедничка книга на StoryJumper каде беа собрани и објавени сите нивни описи и цртежи на едно место.
Во заедничката електронска книга беа објавени описи и цртежи на ученици од повеќе партнер училишта од Европа вклучувајќи ги Хрватска, Холандија, Северна Македонија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Шпанија Турција и Велика Британија. Сите партнер училишта соработуваа и заеднички создадоа дигитална книга со збирка на описи кои учениците може да ги прочитаат и да ги видат цртежите на нивните пријатели од други земји. Проектот траеше месец дена, почнувајќи од мај до средината на јуни 2020.
|
Category: Проекти |
Views: 256 |
Added by: teacherSlavica
| Rating: 0.0/0 |
|
Календар
« June 2020 » |
Su |
Mo |
Tu |
We |
Th |
Fr |
Sa |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
|
| | |