Од текот на учебната 2018 / 2019 година учениците од V одделение Д.Којнаре имаа можност да учествуваат во e-twinning проект насловен „Боите на виножитото“. Во проектот беа вклучени партнер основни училишта од Бугарија, Грција, Полска, Романија, Турција, Чешка и Шпанија.
Главна цел на проектот „Боите на виножитото“ е да се промовира здрава и правилна исхрана. Покрај потребата од едукација на најмалите за здрава исхрана проектните активности целеа и кон подобрување и зајакнување на јазични вештини кај учениците. Проектот вклучуваше задачи за проширување на вокабуларот за здрава храна односно за овошје и зеленчук, изработка на постери за здрава храна според боја и консумација на овошје и зеленчук. Учениците преку проектните активности воедно беа поттикнати да ја развиваат и одржат креативноста преку изработка на креации како постери, изработка на честитки за Денот на вљубените и цртање на цртежи за здрава храна.
Учебната 2018/19 година беа предвидени и остварени по една активност по следниов редослед:
Во ноември ЖОЛТ ДЕН: сите ученици носат жолта облека и секој ученик донесува омилено жолто овошје и изработка на постер за жолто овошје
Во февруари ЦРВЕН ДЕН: сите ученици носат црвена облека и секој ученик донесува омилено црвено овошје и изработка на честитки за Св. Валентин
Во април ЗЕЛЕН ДЕН: сите ученици носат зелена облека и секој ученик донесува омилено зелено овошје и цртање на зелена здрава храна
Во јуни ШАРЕН ДЕН: сите ученици носат шарена облека и секој ученик донесува омилено шарено овошје и правење на овошни салата