Tuesday, 2025-06-17, 3:28 PM
Welcome Guest | RSS

English Club

Главно мени
Посетители

Total online: 2
Guests: 2
Users: 0

Home » 2019 » October » 15 » European day of languages
5:22 PM
European day of languages

Учениците од нашето училиште учествуваа во етвининг проект насловен како „European Day of Languages“ инспирани од Денот на европските јазици кој се слави на 26ти септември. Проектот започна во септември и траеше до октомври. Главна цел на проектот  беше да се охрабри изучување на јазици и да се покаже важноста на сите јазици во однос на поврзување на луѓето. Исто така, проектот беше одлична можност да се подигне свеста кај учениците за јазичното богатство, како и за јазичната разновидност. 

Ученици и наставници од Бугарија, Италија, Северна Македонија, Полска, Шпанија, Србија и Турција учествуваа и соработуваа на твинспејс. Twispace е виртуелна платформа и место за членовите на проектот да комуницираат, соработуваат и да го покажат текот на работниот процес и реализација на планираните активности.

Сите активности беа насочени кон потенцирање на важноста на учење на јазици и промоција на учење странски јазик. Најпрви, училиштата правеа постери со фрази на различни јазици со цел да се  прослави јазичното наследство и разноликоста. Некои од постерите беа креирани онлајн  со користење на онлајн уметнички генератори на зборови како што е wordart. Логото на постерот беше избрано со гласање од постерите. Потоа, учениците ја пееаја песната Здраво на сите деца од светот што содржи поздрави на различни јазици. На овој начин, учениците ја славеа мултилингвалноста  со учење зборови и фрази на различни јазици едни од други. За крај, учениците играа игри како сложувалки,  крстозборки и квизови. Како опционална активност беше изработка на штандови. Нашето училиште избра да изгради макети од  хартија за обележјата на  Лондон.

Category: Проекти | Views: 295 | Added by: teacherSlavica | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Log In
Search Барај
Календар
«  October 2019  »
Su Mo Tu We Th Fr Sa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031

Copyright MyCorp © 2025
Make a free website with uCoz