Tuesday, 2025-06-17, 10:30 AM
Welcome Guest | RSS

English Club

Главно мени
Посетители

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Home » Натпревари

Учениците од IV одделение со сопствен видео запис учествуваа на фестивалот КРЕФ . Учениците тимски и заеднички решија да се натпреваруваат во категоријата Minecraft „И јас си имам супер план за урбанистичко уредување на мојот училишен двор. Со огромен интерес и желба ученииците  се вклучија и од февруари до мај тимски со нивните другарчиња  посветено истражуваа,  креираа  и го уредуваат училишниот двор  преку компјутерската игра Minecraft. Учениците беа ставени во улога на креатори на својата средина поточно на нивниот училишен двор и нивните идеи и предлози на креативен начин ги остварија и прикажаа користејќи ја играта Minecraft. Доколку сте заинтересирани погледнете како изгледа нашиот училишен двор уреден од страна на учениците збогатен со  библиотека, затворена сала, спортски терени, базен, џакузи, катче со животни, лулашки, уредени зелени површини со клупи, зеленило и цвеќе. 

... Read more »

Category: Натпревари | Views: 502 | Added by: teacherSlavica | Date: 2017-06-09 | Comments (0)

Учество на државен натпревар ELTAM 2017

На 6ти мај 2017 во приватната гимназија НОВА во Скопје се одржа државен натпревар по англиски јазик. Натпреварот беше организаран од Асоцијација на наставници по англиски јазик (ELTAM), а одобрен и акредитиран  од Министерството за образование.

Натпреварот се состоеше од 2 дела. Првиот дел од натпреварот беше читање со разбирање (Reading comprehension) за кој учениците имаа  30 минути додека за вториот дел насловен како користење на англиски (Use of English)  беше  во времетраење од 60 минути.

На натпреварот учествуваа најдобро рангираните ученици од вкупно 11 региони од Р. Македонија. По претходно одличен резултат и влез во најдобро рангираните учесници на општинскиот (18ми март) и регионалниот (8ми април) натпревар нашето училиште успешно го претставуваше ученикот А ... Read more »

Category: Натпревари | Views: 730 | Added by: teacherSlavica | Date: 2017-05-07

Државен Spelling Bee

Category: Натпревари | Views: 299 | Added by: teacherSlavica | Date: 2017-04-30

Третата Еду конференција за наставници и информатичари се одржа на 8 и 9 април 2017 во Струга во хотел „Дрим“. На Третата Еду Конференција учесниците  професионално можеа да се усовршат преку предавања  на  теми од интерес за воспитно образовната дејност и истотака да учествуваат со постер презентација. Имено, за учесниците беше распишан повик за изработка на постери за споделување на добри практики. Повикот беше објавен со цел прикажување на сопствен иновативен приод при реализација на одредена активност со цел да се збогатат  едукативните ресурси кои потоа може да се применат во наставата. 

Изработив постер во Corel Draw за можностите и потенцијалот на виртуелна реалност насловен како  „Трансформирајте ја училницата со виртуелна реалност“.  На мое големо задоволство мојот постер беше избран меѓу најдобрите постери кои се објавени во ... Read more »

Category: Натпревари | Views: 290 | Added by: teacherSlavica | Date: 2017-04-20

III место на регионален ЕЛТАМ натпревар 2017

Category: Натпревари | Views: 278 | Added by: teacherSlavica | Date: 2017-04-11

На 21 март во нашето училиште се одржа училишен натпревар по англиски јазик Spelling Bee. На училишните квалификации учествуваа ученици од V  одделение од подрачно Д.Којнаре и Речица кои имаа за задача точно да напишат 10 зборови без правописни грешки  за да може да учествуваат на регионалниот натпревар. Во кабинетот по англиски јазик дојдоа голем број на заинтересирани ученици кои претходно се подготвувале и ги вежбале зборовите од добиените листи со зборови. Учествуваа 5 ученика од кои 1 ќе учествуваат на регионалниот натпревар како претставник од нашето училиште.Честитки и многу успех на  регионалниот Spelling Bee натпревар. 

Училишниот натпревар беше организиран од наставниците по англиски јазик заедно со волонтерот од Мировен Корпус. На наше огромно задоволство оваа година за прв пат нашето училиште ќе биде домаќин и организатор на регионалниот натпревар кој ќе се одржи во април. 

Category: Натпревари | Views: 324 | Added by: teacherSlavica | Date: 2017-03-25

Општинскиот натпревар по англиски јазик  се одржа на 18.III 2017 во ООУ „Христијан Карпош“ во Куманово. Натпреварот беше на ниво на општина и секое училиште можеше да испрати најмногу по 2 претставника кои ќе се натпреваруваат. Од нашето училиште учество зедоа Андреј Денковски и Андреј Михајловски од подрачно училиште Д.Којнаре. Тие беа изберени бидејќи покажаа највисоки резултати на училишниот натпревар за V одделение.

Тестот се состоеше од 1 дел: Use of English  Користење на англиски за кој учениците имаа време од 50 минути да го решат. Учениците имаа можност да се натпреваруваат и да си ги проверат своите знаења по англиски јазик со најдобрите од општината. На општинскиот натпревар и двајцата ученици покажаа солидни резултати. Горди сме на нивниот успех! 

Ученикот Андреј Денковски освои III (трето) место и со тоа обезбеди учество на регионалниот натпревар по англиски јазик.  Ученикот доби сертификат за освое ... Read more »

Category: Натпревари | Views: 351 | Added by: teacherSlavica | Date: 2017-03-19

Училишниот натпревар Spelling Bee ќе се одржи на 21 март(понеделник ) од 9.00 до 9.30 во просториите на централното училиште. Вежбајте ги зборовите од листите кои ги добивте или можете да ги вежбате од страната https://www.spellingcity.com/NationalSpellingBee/ со избирање на ... Read more »

Category: Натпревари | Views: 324 | Added by: teacherSlavica | Date: 2017-03-01

Училишниот ЕЛТАМ натпревар се одржa на 22 февруари (среда). Заинтересираните ученици  добија тест со вежби за ЕЛТАМ натпреварот од претходните години . Во долу дадената табела можете да ги најдете  освоените поени од тестот за ЕЛТАМ натпреварот. Се надевам дека си ја помните својaтa лозинка. 

Лозинка Освоени  поени
English di Eltam 45 освоени поени
1262006 64 освоени поени
English 30 освоени поени
student 5 64 освоени поени

 

На учениците за училишниот натпревар им беше даден следниов тест &nb ... Read more »

Category: Натпревари | Views: 672 | Added by: teacherSlavica | Date: 2016-12-19

Честитки до учениците од IIа кои се пласираа во финалето на Интернационалниот фестивал на едукативни филмови КРЕФ. Преку игровни и забавни активности учениците учеа за здрава и нездрава храна на часот по англиски јазик. Активно учествуваа во секој дел од часот, одговараа на прашања, се натпреваруваа во групи а на крај подготвија и пијалок за Лулу. Еве ви можност да ѕирнете во нашата училница, се надеваме дека ќе Ви се допадне филмот од часот по англиски јазик насловен „Здрава храна“ . Воедно благодарност и до родителите без чија подршка и согласност овој филм немаше да се сними. Изберете (Read more) Прочитај повеќе. 

 

... Read more »

Category: Натпревари | Views: 444 | Added by: teacherSlavica | Date: 2016-06-30 | Comments (0)

1 2 »
Log In
Search Барај
Календар
«  June 2025  »
Su Mo Tu We Th Fr Sa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930

Copyright MyCorp © 2025
Make a free website with uCoz