Tuesday, 2025-06-17, 3:56 PM
Welcome Guest | RSS

English Club

Главно мени
Посетители

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Home » 2018 » April » 16 » Размена на честитки за пролет
4:28 PM
Размена на честитки за пролет

Учениците од март 2018 година учествуваа во etwinning проектот „Размена на честитки за пролет“. Во проектот учествуваа Италија, Полска, Романија, Литванија, Турција, Хрватска и Македонија.  Комуникација и соработка за време на etwinning проектот се одвиваше на twinspace. 

Учениците правеа и украсуваа честитки за пролет и напишаа песна за пролет на англиски јазик. Изработените честитки потоа учениците ги испратија на своите партнер училишта. За времетраење на проектот учениците исто така преку цртежи и фотографии ја претставија пролетта во нашата земја на своите другарчиња од останатите земји учеснички во проектот. Во завршната фаза на проектот учениците украсија пано за пролет со добиените честитки од училиштата со кои соработувавме на проектот. Долу можете да го погледнете слика од паното кое ја краси училницата со пролетни честитки. 

Главна цел на проектот беше да се унапредат јазични вештини преку творење и пишување на песна за пролетта и да се потикнат креативност, имагинација и оригиналност при изработка на честитките. 

 

Category: Проекти | Views: 385 | Added by: teacherSlavica | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Log In
Search Барај
Календар
«  April 2018  »
Su Mo Tu We Th Fr Sa
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930

Copyright MyCorp © 2025
Make a free website with uCoz