Во текот на учебната 2017/18 поточно од септември 2017 до мај 2018 година учениците од V одделение заедно со професорката по англиски јазик учествуваа во e-twinning проект насловен „Учење преку игра“. Во проектот беа вклучени партнер основни училишта од Полска, Турција и Шпанија.
Главна цел на проектот „Учење преку игра“ е подобрување и зајакнување на јазични вештини кај учениците преку игра и користење на ИКТ алатки. Значаен сегмент е заедничка соработката меѓу сите инволвирани во проектот особено можноста учениците да учат едни од други, како и стимулирање на мотивација за изучување на англискиот јазик. Сите предвидени активности целат кон подобрување на процесот на изучување на англискиот јазик. Секој месец беше предвидена и остварена по една активност по следниов редослед:
- септември: изработка и избор на лого за проектот
- октомври: претставување на учениците
- ноември: играње на домино игри
- декември: изработка на новогодишни честитки
- јануари: игра топло ладно
- февруари: пеење на песни од англиски јазик и online игри
- март: игри за поврзување
- април: изработка на цртежи според слушнати приказни
- мај: правење сликовни речници или постери на англиски јазик
Очекувани исходи од учество во проектот се зголемена мотивација и креативност кај учениците, подобрени јазични вештини и развиена свест за културни разлики. За остварување на целите и исходи кои произлегуваат од проектот се користеа следниве ИКТ алатки Avatar, Movie Maker, едукативни web страни, Dvolver, Comic Strips и др.
Плодната соработката, размена на искуства и комуникација се одвиваше на твинспејс, која е безбедна колаборативна платформа на која беа споделувани материјали од успешно реализираните активности со партнери основни училишта.
|