Учениците од четврто и петто одделение учествуваа во проект „Велигденски изработки“. Во проектот се соработуваше со 10 партнер училишта од Европа.
Проектот се состоеше од изработка на велигденски изработки, украси, зајчиња, цртежи, картички, кратки видео клипови. Преку изработка на иновативни Велигденски креации на учениците им беше дозволено да ја искористат својата имагинација, инвентивност и оригиналност и на тој начин да ги развијат своите уметнички вештини а воедно и да ги подобрат своите јазични и дигитални компетенции. Сите активности беа поврзани и во главен фокус го ставија празникот Велигден. На тој начин учениците имаа можност да ги воочат културните разлики околу датумот на славење на празникот како и да покажат почит и свест кон културните разлики за празникот Велигден во различни земји вклучени во проектот.
Проектот се состоеше од неколку активности. Најпрвин се започна со запознавање и претставување на сите членови од партнер училиште на Padlet. Потоа, учениците креираа лого на проектот и го избраа најдоброто преку online гласање. Следната активност беше создавањето на Велигденски декорации, цртежи или украси. Последната задача беше да се изработи кратко анимирано видео со Велигденски желби.
Проектот ќе аплицира за ознака за квалитет кој би требало да го потврди вложениот труд, креативност и посветеност за остварување на активностите предвидени во проектот.
|