Tuesday, 2025-06-17, 2:12 PM
Welcome Guest | RSS

English Club

Главно мени
Посетители

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Home » 2017 » June » 9 » 2017 КРЕФ Minecraft (влез во финалисти)
5:23 PM
2017 КРЕФ Minecraft (влез во финалисти)

Учениците од IV одделение со сопствен видео запис учествуваа на фестивалот КРЕФ . Учениците тимски и заеднички решија да се натпреваруваат во категоријата Minecraft „И јас си имам супер план за урбанистичко уредување на мојот училишен двор. Со огромен интерес и желба ученииците  се вклучија и од февруари до мај тимски со нивните другарчиња  посветено истражуваа,  креираа  и го уредуваат училишниот двор  преку компјутерската игра Minecraft. Учениците беа ставени во улога на креатори на својата средина поточно на нивниот училишен двор и нивните идеи и предлози на креативен начин ги остварија и прикажаа користејќи ја играта Minecraft. Доколку сте заинтересирани погледнете како изгледа нашиот училишен двор уреден од страна на учениците збогатен со  библиотека, затворена сала, спортски терени, базен, џакузи, катче со животни, лулашки, уредени зелени површини со клупи, зеленило и цвеќе. 

Видео записот прикажува комплетно идејно решение за училишниот двор. Филмот ги прикажува следниве елементи:

  • Процесот на истражување на групата и  изработка на скица со предлог идеи што би можеле да се изгради во нашиот училишен двор.
  • Куси снимки како групата работи  на разубавување и уредување на нашиот училишен двор и ги прикажува своите идејни решенија во играта Minecraft
  •  Виртуелна прошетка низ уредениот училишен двор  

Учесниците и менторот ќе  добијат акредитиран, меѓународен сертификат за учество на фестивалот КРЕФ. "КРЕФ" е Меѓународен фестивал на едукативни филмови акредитиран од страна на Министерство за образование, наука и технолошки развој на Србија. Можност за  учество имаа претставници од сите земји. Отворен беше за учество на ученици, едукатори и стручни соработници од сите државни и приватни основни училишта, за одделенска и предметна настава. 

Голема благодарност до родителите на учениците од IV одделение за нивната подршка и несебична помош. 

Category: Натпревари | Views: 503 | Added by: teacherSlavica | Rating: 0.0/0
Total comments: 0
Name *:
Email *:
Code *:
Log In
Search Барај
Календар
«  June 2017  »
Su Mo Tu We Th Fr Sa
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930

Copyright MyCorp © 2025
Make a free website with uCoz