Посетители
Total online: 1 Guests: 1 Users: 0
|
Home » 2017 » March » 19 » III место на општински ЕЛТАМ натпревар 2017
1:34 PM III место на општински ЕЛТАМ натпревар 2017 |
Општинскиот натпревар по англиски јазик се одржа на 18.III 2017 во ООУ „Христијан Карпош“ во Куманово. Натпреварот беше на ниво на општина и секое училиште можеше да испрати најмногу по 2 претставника кои ќе се натпреваруваат. Од нашето училиште учество зедоа Андреј Денковски и Андреј Михајловски од подрачно училиште Д.Којнаре. Тие беа изберени бидејќи покажаа највисоки резултати на училишниот натпревар за V одделение.
Тестот се состоеше од 1 дел: Use of English Користење на англиски за кој учениците имаа време од 50 минути да го решат. Учениците имаа можност да се натпреваруваат и да си ги проверат своите знаења по англиски јазик со најдобрите од општината. На општинскиот натпревар и двајцата ученици покажаа солидни резултати. Горди сме на нивниот успех!
Ученикот Андреј Денковски освои III (трето) место и со тоа обезбеди учество на регионалниот натпревар по англиски јазик. Ученикот доби сертификат за освоено III место. Честитки за постигнатиот резултат и му посакуваме успех на регионалниот натпревар.
Натпреварот е организиран од страна на ELTAM (Aсоцијација на наставници по англиски јазик на Р. Македонија) која е акредитирана од МОН за спроведување на натпревари по англиски јазик со решение бр. 11-3309/2 од 31.03.2014 година.
|
Category: Натпревари |
Views: 352 |
Added by: teacherSlavica
| Rating: 0.0/0 |
|
|
| | |