Tuesday, 2025-06-17, 4:36 PM
Welcome Guest | RSS

English Club

Главно мени
Посетители

Total online: 15
Guests: 15
Users: 0

Home » 2016 » June » 30 » Финалисти на КРЕФ фестивал 2016
2:34 PM
Финалисти на КРЕФ фестивал 2016

Честитки до учениците од IIа кои се пласираа во финалето на Интернационалниот фестивал на едукативни филмови КРЕФ. Преку игровни и забавни активности учениците учеа за здрава и нездрава храна на часот по англиски јазик. Активно учествуваа во секој дел од часот, одговараа на прашања, се натпреваруваа во групи а на крај подготвија и пијалок за Лулу. Еве ви можност да ѕирнете во нашата училница, се надеваме дека ќе Ви се допадне филмот од часот по англиски јазик насловен „Здрава храна“ . Воедно благодарност и до родителите без чија подршка и согласност овој филм немаше да се сними. Изберете (Read more) Прочитај повеќе. 

 

 

"КРЕФ" е Меѓународен фестивал на едукативни филмови акредитиран од страна на Министерство за образование, наука и технолошки развој на Србија. Можност за  учество имаа претставници од сите земји. Отворен беше за учество на ученици, едукатори и стручни соработници од сите државни и приватни основни училишта, за одделенска и предметна настава. 

На фестивалот можеше да се учествува во следниве категории:

1. Лапдуб филм

2. Наша најдобра наставна пракса

3. Minecraft ЕДУ

Со вредните учениците од II a  учествувавме во втората категорија. Снимивме филм кој прикажува час по англиски јазик кој прикажува креативна обработка на наставна содржина „Здрава храна“.  

На 10 јуни беше објавена одлуката од жири комисијата за финалисти на КРЕФ фестивалот која можете да ја прочитате подолу. 

 

 

Филмот од часот „Здрава храна“ е објавен со претходно дадена писмена согласност од родителите. 

Category: Натпревари | Views: 445 | Added by: teacherSlavica | Rating: 5.0/1
Total comments: 0
Name *:
Email *:
Code *:
Log In
Search Барај
Календар
«  June 2016  »
Su Mo Tu We Th Fr Sa
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930

Copyright MyCorp © 2025
Make a free website with uCoz