Учество на државен натпревар ELTAM 2017
На 6ти мај 2017 во приватната гимназија НОВА во Скопје се одржа државен натпревар по англиски јазик. Натпреварот беше организаран од Асоцијација на наставници по англиски јазик (ELTAM), а одобрен и акредитиран од Министерството за образование.
Натпреварот се состоеше од 2 дела. Првиот дел од натпреварот беше читање со разбирање (Reading comprehension) за кој учениците имаа 30 минути додека за вториот дел насловен како користење на англиски (Use of English) беше во времетраење од 60 минути.
На натпреварот учествуваа најдобро рангираните ученици од вкупно 11 региони од Р. Македонија. По претходно одличен резултат и влез во најдобро рангираните учесници на општинскиот (18ми март) и регионалниот (8ми април) натпревар нашето училиште успешно го претставуваше ученикот Андреј Денковски. Андреј е ученик од V одделение во подрачно училиште од Д.Којнаре. Честитки за постигнатиот резултат и уште многу успеси во иднина .
Државен Spelling Bee натпревар по англиски јазик
На 19ти мај, ученикот Андреј Денковски зеде учество на државниот Spelling Bee натпревар. Натпреварот Spelling Bee e организиран од волонтерите од Мировен Корпус во соработка со професорите по англиски јазик. Оваа година државниот натпревар се одржа Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје.
За да се стигне до државниот натпревар претходеа многу вежби и подготовки како и поминати квалификации на училишниот и регионалниот натпревар. За успешна квалификација на училишниот натпревар задолжително е да се напишат 10 збора од добиената листа со зборови без ниту една грешка. Потоа следеше регионалниот натпревар каде во уште посилна конкуренција учениците спелуваа зборови, додека бројот на учесници не се намали на 5. Најдобрите 5 ученика потоа продолжуваа на државниот натпревар да си ги измерат своите вештини во пишување и спелување на зборови со ученици од целата земја.
Целта на натпреварот е да се збогати речникот на учениците, да се прошири вокабуларот и да се поттикне користење правилен правопис и изговор. Покрај тоа, на часовите за подготовка и на самите натпревари (општински, регионални и државен) учениците имаат можност да ја развијат својата самодоверба и да ги покажат своите знаења во атмосфера на пријателска конкуренција.
|