Посетители
Total online: 2 Guests: 2 Users: 0
|
Home » 2016 » March » 26 » Учество на општински ELTAM натпревар 2016
6:36 PM Учество на општински ELTAM натпревар 2016 |
На 26ти март 2016 во ООУ „Браќа Миладиновци“ – Куманово учениците од V и IX одд. можеа да ги проверат своите знаења по англиски јазик. Натпреварот беше на ниво на општина и секое училиште можеше да испрати најмногу по 2 претставника кои ќе се натпреваруваат. Главни организатори беа локалните координатори од ELTAM (Aсоцијација на наставници по англиски јазик на Р. Македонија)
ЕLTAM натпреварите се одржуваа за да иницираат поголем интерес кај учениците, да ги потикнат учениците кон проширување и продлабочување на нивните знаења, да го развијат натпреварувачкиот дух и се разбира да ги откријат надарените ученици по англиски јазик.
Тестот се состоеше од 1 дел: Use of English Користење на англиски за кој учениците имаа време од 50 минути да го решат. Секој ученик доби шифра, и резултатите со шифрите можете да ги погледнете од сликата поставена подолу.
Под менторство на професорката Славица Стојчевска учествуваше 2 ученика од V одделение од подрачното училиште Д. Којнаре. Учениците постигнаа солидни резултати на натпреварот. Честитки за постигнатите резултати и успехот. Иако не се квалификуваа за регионалниот натпревар се збогатија со ново искуство и уште посилна желба за изучување на англикиот јазик. Учениците добија потврда за учество на општинскиот натпревар.

|
Category: Натпревари |
Views: 347 |
Added by: teacherSlavica
| Rating: 0.0/0 |
|
|
| | |