Втора Еду конференција на наставници
Втората Еду Конференција за наставници и информатичари се одржа од 1 до 3 април 2016 во Струга. Конференцијата привлече околу 500 учесници од кои најголемиот број наставници од Македонија, претставници од владини и невладини организиции од соседните земји и пошироко (Србија, Бугарија, Албанија, Турција,Романија, Италија, Украина, Шпанија, Франција) и сите заинтересирани за образованието. Агендата изобилуваше со инспиративни предавања кои пред учесниците презентираа иновативни пристапи во наставата . Фокус беше ставен на осовременување и унапредување на секојдневна наставна пракса преку користење на современа технологија и дигитални содржини.
Конференцијата започна со постер презентации и мобилна апликации на која пријавените можеа да ги презентираат примери од сопствена пракса. Прво место за постер презентација освои мојот постер „Учиме преку квизови“со добиено најмногу гласови од присутните. Пред присутните преку постерот презентирав алатки за играње и креирање на online квизови кои ги применувам на часовите по англиски јазик. Апликацииите им овозможуваат на учениците преку квизови кои наликуваат на игра многу лесно да ги совладуваат наставните содржини. Учениците обожаваат да решаваат прашања во вид на квизови бидејќи го претвора оценувањето во забавни квизови, користат современа технологија и се натпреваруваат како дел од тим. Сите индивидуално или во парови ги решават прашањата и се трудат нивниот тим да стигне побргу до целта.
Прогласувањето се одржа на маскенбалот во хотел „Дрим“ каде беше доделен сертификат за освоено прво место и врачена награда за успешната постер презентација.
Омилена мисла од конференцијата „Технологијата нема да ги замени професорите, но професорите кои користат технологија најверојатно ќе ги заменат професорите кои не користат.“
Веста е достапна и на линкот http://kumanovskimuabeti.mk/nastavnichka-od-oou-11-ti-oktomvri-so-prva-nagrada-od-vtorata-edu-konferencija-na-nastavnici-i-informatichari-foto/
|