На Третата Еду Конференција беше објави повик за изработка на постери за споделување на добри практики. Секој од учесниците можеше да прикаже сопствен иновативен приод при реализација на одредена активност со цел да се збогатат едукативните ресурси кои потоа може да се користат во наставата.
Изработив постер насловен „Трансформирајте ја училницата со виртуелна реалност“ во Corel Draw. Постерите беа евалуирани од страна на жири според следниве критериуми:
- Оригиналност
- Применливост
- Потенцијал за привлекување на внимание
- Опис на методолошки пристап
- Вкупен впечаток.
На мое големо задоволство мојот постер беше избране меѓу 30 најуспешни постери, кои ќе бидат презентирани на Третата Едуконференција и објавени во публикација.
Мојот постер пред присутните ќе ги потенцира огромниот потенцијал кој го пружа виртуелна реалност и можностите за примена во настава. Виртуелна реалност овозможува виртуелни патувања низ кои се учи, истражува , споредува, анализира и решаваат проблеми од реалниот живот без никакви трошоци. Ги транспортира и овозможува на учениците да патуваат до места што никогаш не би можеле да одат претходно. Можностите се бесконечни од присуство на настани, концерти, посета на музеи, пирамиди или кинескиот ѕид, изведба на лабораториски експерименти, хируршки симулации се до посета на вселената.
Се надевам дека на постерот ќе ги инспирира присутните и ќе ги инспирира да ја трансформираат нивната училница со виртуелна реалност.
|