Втората Еду Конференција за наставници и информатичари се одржа од 1 до 3 април 2016 во Струга. Конференцијата привлече околу 500 учесници од кои најголемиот број наставници од Македонија, претставници од владини и невладини организиции од соседните земји и пошироко (Србија, Бугарија, Албанија, Турција,Романија, Италија, Украина, Шпанија, Франција) и сите заинтересирани за образованието. Агендата изобилуваше со инспиративни предавања кои пред учесниците презентираа иновативни пристапи во наставата . Фокус беше ставен на осовременување и унапредување на секојдневна наставна пракса преку користење на современа технологија и дигитални содржини.
Конференцијата започна со постер презентации и мобилна апликации на која пријавените можеа да ги презентираат примери од сопствена пракса. Постерот под реден број 9 „Учиме преку квизови“ освои прво место со добиено најмногу гласови од присутните.
Пред присутните преку постерот насловен „Учиме преку квизови“ беа презентирани алатки за играње и креирање на online квизови кои се применуваат на часовите по англиски јазик. Апликацииите им овозможуваат на учениците преку квизови кои наликуваат на игра многу лесно да ги совладуваат наставните содржини. Учениците обожаваат да решаваат прашања во вид на квизови бидејќи го претвора оценувањето во забавни квизови, користат современа технологија и се натпреваруваат како дел од тим. Сите индивидуално или во парови ги решават прашањата и се трудат нивниот тим да стигне побргу до целта. Генијално е што и од дома учениците можат да ги решаваат прашањата на нивните компјутери, таблети или мобилни и секој нивен одговор е евидентиран, и лесно достапен за наставникот и ученикот.
Квизовите се ефективни за формативно следење на учениците бидејќи преку табеларен приказ ги прикажува точните одговори за секој ученик индивидулано и дава преглед за напредокот за секој ученик. Им помага на наставниците брзо и на лесен начин да ги идентификуваат јаките учениците и навремено да интервенираат и да им помогнат на послабите.
Прогласувањето се одржа на маскенбалот во хотел „Дрим“ каде беше доделен сертификат за освоено прво место и врачена награда за успешна постер презентација.
|