Tuesday, 2025-06-17, 3:30 PM
Welcome Guest | RSS

English Club

Главно мени
Посетители

Total online: 3
Guests: 3
Users: 0

Home » 2016 » February » 13 » Учество на Microsoft Mixathon 2015
10:19 PM
Учество на Microsoft Mixathon 2015

Инспирирана од иновативната алатка која ја осовременуваат наставата и овозможуваат презентација на наставниот материјал на поинаков начин кој ги мотивира и целосно ги вклучува учениците решив да учествувам во online натпреварот Mixathon  предизвик. За натпреварот дознав преку вебинарот од 2 иновативни колешки  кои ги претставија можностите кои ги нуди Office Mix.

За учество на натпреварот изготвив Power point презентација со посебниот додаток Office Mix. Оffice Mix ги осовременува и ги прави поиновативни и поинтерактивни презентациите изработени во Power point. Имено овозможува создавање на видео презентација со примена на видео, глас и квизови. Лесно е достапен за преземање и инсталација на https://mix.office.com. Мојата Mix Office презентација е достапна на следниов линк: https://mix.office.com/watch/5ekk9rtjf8x

Часот е наменет за учениците од 2 одделение а наставната единица е „Повторување на зборови за музички инструменти“. Презентацијата се состои од 3 активности. Часот започнува со погодување музичкиот инструмен скриен под сложувалката. Втората активност е следење на видео изготвено во Movie Maker  кое ги потикнува учениците да ги именуваат музичките инструменти на кои свират цртаните ликови. Последната активност е квиз. Учениците го слушаат звукот од некој музички инструмент и потоа треба да кликнат на точниот одговор од понудените три.

За учество и успешна примена на алатката во наставниот процес ми беше доделен сертификат на настанот Edu day организан од Microsoft. 

 

Category: Натпревари | Views: 331 | Added by: teacherSlavica | Rating: 5.0/1
Total comments: 0
Log In
Search Барај
Календар
«  February 2016  »
Su Mo Tu We Th Fr Sa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
2829

Copyright MyCorp © 2025
Make a free website with uCoz