Во 2015 година на заедничко задоволство и радост заедно со моите вредни ученици бевме објавени во стручно списание кое го издава ELTAM(Асоцијација на наставници по англиски јазик). Натписот насловен како „Нова алатка во нашата училница благодарение на 8та ЕЛТАМ конференција“можете да го прочитате на страна 41, 42 и 43.
Во натписот беше даден осврт за иновативната web алатка Dvolver која го подобрува учењето на јазици преку изработка на бесплатни кратки видеа. Беа потенцирани предностите и негативните страни на алатката Dvolver, начинот на кој може да се имплементира на час, како и причините поради кои на учениците им се допаѓа.
Ако сакате да прочитате повеќе за алатката Dvolver која ја користиме на часовите по англиски јазик, да ги погледнете видеата кои ги изработија учениците и да го прочитате нивното мислење кликнете на жолтото
Newsletter Spring 2015
Извадок од натписот:
"На учениците им се допаѓа Dvolver поради тоа што ја поттикнува нивната креативност и имагинација и им дава слобода на избор. Учениците можат да изберат позадина, ликови, дијалог, музика и наслов. Dvolver е интерактивна, ги ангажира и мотивира учениците. Прекрасна е за раскажување на приказни, цртани и стрипови сo карикатури."
|