Училишен натпревар за видеа по повод Св. Валентин
Натпреварот за изработка на видеа, кој се одржа на 12 февруари во подрачното училиште Д.Којнаре, беше посветен на празникот Св. Валентин. Претставници од IV и V одделение во парови изработија кратки видео приказни за Денот на љубовта, празник карактеристичен за земјите од англиското говорно подрачје. Вакви активности преку кои учениците се запознаваат и среќаваат со различни култури и празници води кон развој на интеркултурални вештини, ставови, вредности и знаења а воедно потикнува ценење и почитување на различноста како значаен сегмент при учење на странски јазик.
Пред почетокот учениците проследија видео преку кое се запознаа со една од легендите за овој празник. Легендата раскажува дека Валентин бил свештеник во време кога владеел римскиот император Клаудиј II. Имераторот донел закон со кој им забранил на војници да се женат. Свештеникот Валентин не го почитувал законот и тајно ги венчавал војниците иако тоа се косело со волјата на императорот. Откако императотот дознал свештеникот бил затворен.
Потоа, учениците се запознаа со иновативната алатка Dvolver и нејзините можностите преку кои на едноставен и забавен начин соработувајќи во парови изработија видеа на лап-топчиња. Учениците се покажаа како успешни и оригинални креатори на своите online изработки.
Жири комисијата составена вкупно од 3 ученика заедно со професорката Славица објективно ги оценија видеата според однапред зададени критериуми. За најдобри беа прогласени 2 видеа изработени во пар од ученичките Мелани Георгиевска и Мила Николиќ и парот во кои членови беа Јован Лазаревиќ и Андреј Михајловски. Видеата можете да ги погледнете преку кликнување на жолтото.
Valentine' s Day by Mila and Melani
Happy Valentine by Jovan and Andrej
Love by Nina and Martina
Love by Andrej and Anastasija
Love by Luka and Mila
Valentine's by Monika and Marko
Сите учесници заедно со жири комисијата добија благодарници за учество, а за најдобрите имаше награди.
|